“Распродадено“: Словенија – Македонија ќе се игра пред преполни трибини! (ФОТО)

416

Нема што, како што беше во Скопје, така во недела ќе биде и во Копер. А ќе биде спектакл на квалификациската средба за пласман на ЕП 2026, меѓу Словенија и Македонија. Од Ракометниот сојуз на Словенија, се пофалија дека салата во Копер е распродадена за овој меч и дека билети едноставно нема.

Секако дека во недела од 18.30 часот, за кога е закажан почетокот на овој меч, нашите ракометари ги чека и тоа како жешка атмосфера во “Арената Бонифика“ во Копер.May be an image of basketball, volleyball and text that says 'NLB VA กมุ ቸጣ OUT Hrenje je SLOVENIJA S. MAKEDONIJA 16.MAREC, 16. 18.30 KOPER, ARENA BONIFIKA'

Да потсетиме дека вчера во салата “Борис Трајковски“ пред 6.000 гледачи, Словенија успеа да победи со 26:32.

ПретходноТи-Џеј Шортс фантастичен, ама бадијала, Милано без Нено ја доби драмата во Белград!
СледноСекоја чест за Цеље, вакви спектакли се можни само во фудбалот! (ВИДЕО)