Српскиот фудбал завиени во црно, поранешниот голман на Партизан Радиша Илиќ си го одзеде животот.
Илиќ е роден на 20 септември 1977 година во Бајина Башта. Кариерата ја започна во Слобода Ужице, а првата можност да заземе место меѓу стативите на Партизан ја имаше во 1998 година, откако Ивица Краљ замина во Порто.
Илиќ има одиграно еден меч за репрезентацијата на Србија и тоа против Македонија во 2008 година. Мечот заврши без победник, 1-1.
Во својта кариерата покрај Партизан, бранеше и за Слобода од Ужице, Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Белград, Пансераикос.