ФФМ во нова акција, ги „светна“ столчињата на Арената пред дуелот со Велс (ВИДЕО)

852

Фудбалската Федерација на Македонија, поточно новото раковоство на чело со претседателот Масар Омерагиќ неуморно работи на повеќе аспекти истовремено. Кадровските промени, носењето на нови спонзори на Федерацијата, но и активно подобрување на условите.

Она што ќе ја израдува јавноста во моментов, поточно навивачите кои се редовни на мечевите на репрезентацијата, но и на екипите кои што настапуваат на Арената Тодор Проески во Скопје, е информацијата дека столчињата на северната трибина се потполно обновени. Поточно, се „озвежени“ со специјален метод, и третман кој што истите не го добиле од самата изградба на трибината.
Сега столчињата изгледаат како потполно нови, и тоа пред самото гостување на репрезентацијата на Велс на 25 март кога во Скопје го играме вториот дуел од претстојните квалификации за Европското првенство.

ПретходноРеприза од првиот меч, Македонија У15 – Хрватска У15 0:3
СледноАлбан Бајрамовски со сребрен медал во машка конкуренција на Специјалните Олимписки игри во Торино