Дерби денеска на ФФМ од 15:00 : Вардар ја пречекува Шкендија во уште една голема пресметка

368

Денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, со почеток од 15:00 часот, тимот на Вардар го пречекува лидерот на ПМФЛ конкуренцијата сезонава, екипата на Шкендија.

Дуел реприза што се вели на оној од премиерното пролетно коло оваа полусезона, кога на Арената, Шкендија беше подобра со 1:2. Сепак, сега нештата се нешто поинакви. Вардар влезе во позитивна серија, победи на неколку мечеви, влегува во овој дуел по ремито во Кратово со Силекс. Има примено многу малку голови во продолжението на сезоната, само три од кои два токму од Шкендија. Тоа значи само едно, дека Вардар сега е сосема поинаков тим од она што го гледавме есеноска.

Од друга страна пак Шкендија е константа што се вели. Лидерот на табелата е компактна, проверена, воиграна екипа. Со Бесарт Ибраими на чело, Шкендија ита кон нов трофеј во шампионатот, а доколку денеска на ФФМ остане непоразена тоа ќе биде клучен чекор кон таа цел.

Вардар пак со позитива денес дефинтиивно ќе каже дека нема повеќе да има проблем со опстанокот, дека ќе „заплови во помирни води“ и дека се што се случуваше на играчки и резултатски план сезонава, пред се во еденската полусезона е завршена приказна. Вардар доби нов лик пролетва, време е тоа да го покаже и против најголемиот фаворит во нашата лига. Сепак, тоа ќе мора да го направи без капитенот Закариќ кој има пет жолти картони, како и без играчот за врска Босанчиќ кој е повреден.

 

 

ПретходноМареска: Овој клуб освојувал многу трофеји
СледноЖижовиќ: Рапид заслужено не елиминираше, но оваа наша Европска приказна не смее да заврши