„Welcome, Добродојде, Мариан Охадиве“…со оваа порака на социјалните мрежи ЖФК Љуботен ја претстави својата нова фудбалерка.
Нигериска интернационалка е најновото и последно засилување за ЖФК Љуботен. Мариан доѓа од RFS Women – Латвиа има искуство во Турската супер лига а има и искуство и во Лигата на шампионите за тимот од Латвија.
Со Мариан, како што велат од таборот на тетовскиот клуб, ЖФК Љуботен добива поголема убоитост во нападот и со сигурност може да помогне како технички, тактички и агресивност на сите позиции, спремна е за предизвиците коиследат во претстојната полусезона и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот и тимот за престојниот дерби натпревар.