Полувреме:1-1 е на дербито на ФФМ, добриот Вардар може да жали што нема водство!

500

По првите 45.минути од дербито кое се игра на ФФМ попладнево, меѓу Вардар и Шкендија, резултатот е 1:1. Проследивме интересно, одлично дерби со два убави гола.

Тетовци поведоа со голот од далечина на Решат Рамадани во таа 21.минута. Вардар само четири минути подиоцна успеа да израмни на 1:1 со голот на Едиз Спахиу кој најубаво се снајде во казнетиот простор на гостите.

Инаку Вардар беше тој што доминираше, што го имаше повеќе поседот на топката. Тимот на Гоце Седлоски може да жали за таа 15.минута кога Спахиу нафрли пред голот на гостите, а Матиќ и Пинтер за малку не ја допреа таа топка, ако се случеше тоа секако дека ќе беше гол.

Нешто слично се случи и во 38.минута, но и сега голманот на Шкендија имаше среќа.

Инаку ова е прв меч од 24.коло во нашата елитна лига. Сите останати средби се играат утре од 15 часот.

ПретходноЖФК Љуботен се пофали со нова фудбалерка и тоа од Нигерија!
СледноШоу во Лондон: Еве како данските навивачи го тресеа “Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)