Шоу во Лондон: Еве како данските навивачи го тресеа “Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)

199

Вчера во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Конференции, Челзи на свој терен го победи Копенхаген со 1:0, па така со вкупни 3:1 се пласира во следната фаза во ова натпреварување.

Сепак ќе се памети тоа што го направија фановите на гостинскиот тим. На трибините имаше неколку илјади дански навивачи кои просто го тресеа “Стемфорд Бриџ“ во Лондон. И самите Англичани посочуваа дека таква атмосфера одамна немало на овој стадион.

Интересно е тоа што по завршувањето на мечот играчите на Челзи им честитаа на гостинските фанови за нивниот перфонс.

Ете затоа фудбалот е прекрасен.

Погледнете го шоуто на данските фанови во Лондон:

ПретходноПолувреме:1-1 е на дербито на ФФМ, добриот Вардар може да жали што нема водство!
СледноДончиќ пред дуелот со Денвер: Секогаш е тешко да се игра против Јокиќ!