Аморим: Учиме да победуваме, играчите веруваа во себе

124

Тимот на Манчестер Јунајтед е во четвртфиналето од Лигата на Европа. Синоќа на Олд Трафорд Јунајтед со 4:1 го совлада шпански Реал Сосиедад, и со вкупни 5:2 замина во следната фаза.

Во тимот секако дека се задоволни од ваквиот развој на настаните. Особено што победите и мечевите во кои Јунајтед домонира сезонава се вистинска реткост.

„Неделата беше напорна. Покажавме малку од иднината и се справивме со проблемите на сегашноста. Нашиот тим денеска одигра добар натпревар. Физичката подготовка беше на високо ниво, во оваа конкуренција можеме да доминираме во овој аспект. Учиме да победуваме на натпревари во сите конкуренции, да играме рамномерно на сите мечеви за да заработиме поени. Ова беше тешка, но добра недела“, рече Аморим.

„Учам да користам играчи како Касемиро. Без многу опции се трудиме да ги средиме на најдобар можен начин и тоа многу ни помага. Се чувствува како да играчите имаат повеќе слобода. Во Шпанија се обидовме да ја искористиме брзината на Алехандро Гарначо на десното крило и тој тоа го направи многу добро, можеби подобро отколку кога игра лево. Се обидуваме да ги најдеме најдобрите решенија за тимот. Тешко е, малку забавивме на крајот од мечот, но среќни сме“, додаде Аморим.

„Малите нешта навистина се важни. Игравме во Шпанија и Сосиедад почувствува дека може да оди во следната фаза. Потоа дојдовме овде, имавме два дена да се подготвиме за мечот со Арсенал и во вториот дел играчите се чувствуваа на врвот и веруваа во тоа. Цела недела имав чувство дека играчите веруваат дека можат да одиграат на вакво ниво и да се пласираме понатаму –  изјави португалскиот стручњак.

ПретходноИсник Алими: Ќе патувам 30 часа, но ќе дадам се од себе за Македонија
СледноМареска: Овој клуб освојувал многу трофеји