Дон Карло гневен:“Зошто играме утре?“

193

Иако во средата Реал Мадрид и тоа како имаше тешко гостување, реванш меч од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите кај Атлетико Мадрид на “Метрополитано“ каде по пенал – серијата успеа да се пласира натаму, веќе утре “кралевите“ исто така имаат тежок меч. Имено тимот на Дон Карло Анчелоти од 18:30 часот му гостува на Виљареал, тим кој се бори за висок пласман во Ла Лига.

Ова е меч од 28.коло во Ла Лига.

Поради ова Дон Карло негодуваше и јавно праша како е можно токму утре, а не во недела, Реал Мадрид пак да игра.

Ме прашувате како е тимот? Јасно е дека уште заздравуваме по напорите во средата. Навистина не разбирам како е можно утре да играме. Па нели треба 72 часа за опоравување да минат за следниот меч, а ние играме пред да измине тој временски период. Тие кои што решаваат мислат само на ТВ правата а не за здравјето на играчите. Од стартот на 2025 година досега сме одиграле 22 меча“ заклучи гневниот Анчелоти.

ПретходноБРАВО: Дерби за уживање, Вардар и Шкендија одиграа за сите вкусови! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСтрашно: Ова е списокот на Португалија!(ФОТО)