Еди Хау: Имаме искуство на големи натпревари, време е да освоиме трофеј

44

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, е оптимист дека тимот ќе стави крај на 70-годишната „суша“ и конечно ќе го освои Лига купот во недела, и покрај тоа што на тимот му недостасуваат тројца клучни играчи за пресметката на „Вембли“ против Ливерпул.

Дефанзивците Свен Ботман и Луис Хол се повредени, додека крилото Ентони Гордон одлежува суспензија поради црвен картон.

„Сите други играчи се на располагање. Да се ​​загубат толку важни играчи никогаш не е лесно, но мораме да останеме обединети. Расположението во тимот е одлично и победата над Вест Хем во понеделникот беше многу важна во овој поглед. Нашиот став е позитивен. Ќе го видиме противникот и ќе одлучиме која тактика е најдобро да ја избереме. Нашиот состав не е толку широк, па нашите опции се ограничени“, додаде Хау.

ПретходноАгентот на Донарума: Преговараме за нов договор со ПСЖ