„Несторгол“ повторно стрела за победа на Славен Белупо (ВИДЕО)

115
фото: NK Slaven Belupo facebook

Со својот петти сезонски гол, Илија Несторовски му донесе уште една победа на Славен Белупо во хрватскиот фудбалски шампионат. Денеска на гостувањето кај Горица во чии редови стартер беше репрезентативецот Агон Елези, Несторовски најпрво асистираше за првиот гол на гостите, а потоа во 81. минута од мечот и само сењ запиша во листата на стрелците за конечни 0:3.

Со оваа победа, Славен Белупо се искачи на 4. место на табелата и дојде на 7 бода разлика од третопласираниот Динамо (З).

ПретходноМладинците по вторпат ремизираа со Полска
СледноЈа сонува „илјадарката“: Роналдо го постигна и 928. гол во кариерата