На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки:
– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката со кое Собранието на ФФМ го овластува Управниот одбор да се извршат промени во системот на натпреварување во сите категории;
– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за реформа на организациската структура на Фудбалската федерација на Македонија;
– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за основање на трговско друштво на ФФМ со цел комерцијализација / физичка продажба на опрема и реквизити ФФМ / Фан-Шоп;
– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за отпочнување на активности за формирање на арбитража на ФФМ;
– Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за членови за Комисија за избори и верификација, Надзорниот одбор, Комисија за жалби, Дисциплинска комисија, етички одбор и дисциплински инспектор;