+3
Кристијано Роналдо денеска успеа да го постигне и 928. гол во кариерата.
Напаѓачот на Ал-Наср постигна гол во 4. минута од натпреварот во Саудиска лига против Ал-Холуд.
Португалецот во текот на својата кариера има постигнато 793 гола на клупско ниво и 135 за португалската репрезентација.
И самиот најави дека ќе се обиде да дојде до фамозната бројка од 1000 гола во кариерата, но засега се уште е далеку од оваа историска бројка.