Антонио Илиески повторно постигна гол за Феризај (ВИДЕО)

187

Македонскиот интернационалец Антонио Илиески повторно постигна гол за екипата на феризај во косовската Суперлига. Денеска на гостувањето против Балкани во дербито на колото, Феризај загуби со 2:1, а Илиески го постигна единствениот гол за гостите за израмнување на 1:1.

За Илиески ова е втор погодок во дресот на Феризај оваа сезона во косовскиот шампионат, откако погоди и во минатото коло во победата над Лапи.

ПретходноУО на ФФМ: Усвоен предлогот за промени во системот на натпреварување во сите категории
СледноМладинците по вторпат ремизираа со Полска