Бруно со хет – трик, Јунајтед блескаше ама вистинскиот херој е Доргу! (ВИДЕО)

135

Во овој модерен свет, посебно во фудбалот, само резултатите и успесите се важни. Ретко кој помислува на фер – плејот, тоа е само излитена фраза.

Сепак, чудно е тоа што сеуште има големо спортсмени, големи господа, големи луѓе.

Еден од нив а Патрик Доргу, фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој ги фрли во сенка онаа блескава партија на неговиот тим и победа над Сосиедад со 4:1 синоќа, како и хет – трикот на Бруно Фернандеш.

А што направи Данецот кој денеска е топ вест во светот на фудбалот?

Имаше старт врз него од страна на Траоре во казнетиот простор на Сосиедад. Судијата покажа на белата точка по четврти пат, трет за Јунајтед и додека ВАР го проверуваше стартот самиот Доргу отиде кај судијата да му каже дека немало пенал. ВАР го потврди неговиот гест и сите на “Олд Трафорд“ и покрај ТВ екраните останаа со подзинати усти и се прашуваа.

Зарем е можно? Е, па, можно е!

Затоа секоја чест и големо БРАВО за Патрик Доргу кој со овој потег се впиша во историјата на фудбалот.

Погледнете го потегот на Доргу:

ПретходноСелекторот на Лихтенштајн го објави списокот на играчи за дуелот со Македонија! (ФОТО)
СледноМакедонија против Романија и Унгарија во претквалификациите за СП 2027!