Дончиќ пред дуелот со Денвер: Секогаш е тешко да се игра против Јокиќ!

253

Утринава од 02.30 часот на програмата на НБА е “балканското дерби“ меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Се среќаваат Денвер и ЛА Лејкерс, а поради фактот дека Србинот и Словенецот се големи пријатели, но и ривали на паркетот, јасно е дека сите со нетрпение го очекуваат овој меч кој се игра во Денвер.

Во пресрет на овој меч, Лука Дончиќ имаше свој коментар:

Секогаш е тешко да се игра против Јокиќ, во секој случај тоа ќе биде интересен меч“ посочи Словенецот.

Инаку Лука на последниот меч за ЛА Лејкерски постигна неверојатни 45 поени, но сепак и тоа не беше доволно да се победи составот на Милвоки.

ПретходноШоу во Лондон: Еве како данските навивачи го тресеа “Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Одличен Вардар, одлична Шкендија…супер-дербито на ФФМ без победник!