Нашата најдобра кошаркарска селекција, денеска ги дозна своите противници во претквалификациите за пласман на СП 2027 година.
Се чини дека за ривали добивме селекции кои може да се минат. Па така во нашата група се селекциите на Романија и Унгарија.
Сите натпревари од оваа група ќе се одиграат во перидот од 2 до 20 август оваа година. Оние селекции кои ќе обезбедат пласман на првата и втората позиција ќе се пласираат за наредната етапа, а таа е квалификации за СП 2027 година.