Даниел Аврамовски ја продолжува неверојатната голгетерска серија во турската Втора лига. Во дресот на Игдир тој денеска го постигна својот 12-ти гол оваа сезона и ја потврди убедливата победа на својата екипа на гостувањето кај Анкарагучу.
Игдир славеше на гости со 4:0, а Аврамовски го постигна третиот гол за својата екипа на овој меч. Со 12-от погодок сезонава, популарниот цујо се искачи на 3. место на листата на најдобри стрелци во турската Втора лига.
GOL !
MKE Ankaragücü 0-3 Alagöz Holding Iğdırspor
⚽️62’Daniel Avramovski pic.twitter.com/tdTsXbS0RT
— Abdullah Taha Gümüş (@gtaha2002) March 15, 2025