МЗТ Скопје рутински против ТФТ за печат на врвот (ФОТО)

101

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ за првото место на табелата, откако на домашен терен славеше со 74-68. Со оваа победа тимот од Аеродром речиси го осигура врвот пред стартот на плеј-офот.

Актуелниот шампион после само неколку минути игра во првата четвртина ја имаше контролата на резултатот. После првите десет минути беше 20-11, а веќе во следниот период дојде ма двоцифрени 28-14, највисоки на дуелот.

На одморот резултатот беше 37-29, со тоа што гостите последната четвртина ја стартуваа со негатива од 61-51, но тоа не ги демотивираше, се обидоа да приредат пресврт. Сепак, МЗТ Скопје не го дозволи тоа и искусно го приведе мечот во своја корист.

Едвин со 23 поени заврши како најдобар поентер кај „штрковите“, додека Војдан Стојановски имаше 12, а Маслинко 11 поени. Кај екипата на ТФТ со 20 постигнати поени Зафиров беше прв стрелец.

ПретходноМејард победи во Хафјел, Одермат со малиот кристален глобус во велеслалом
СледноРејндерс го врати Милан од пораз до победа (ВИДЕО)