Како што истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во догледно време ќе се настојува нашата А-репрезентација своите мечеви да ги игра надвор од Скопје.
Младинската селекција ќе игра во Битола, такви. Дали оваа пракса ќе продолжи и во други градови, и за А-репрезентацијата, но и за помладите селекции:
“Апсолутно. Тоа е интенцијата и тоа е мојата намера. Затоа и предложив Битола стане седиште за репрезентацијата до 21.година. Битола како фудбалски град и фудбалски центар апсолутно го заслужува. Мислам дека имавме среќа со изборот на противниците кои што ни паднаа во квалификациите. Планирам Битола да биде центар за У-21, но и не само тоа туку ако се исполнат условите и некои од натпреварите од квалификациите за А-репрезентацијата, да се играат и во Битола. Ние како ФФМ ќе сториме се тоа да се случи. Битола ги исполнува условите и за близина на аеродромот, знаете за ФИФА и УЕФА правилата. Наша намера е и Штип да го промовираме во еден алтернативен град каде што би се играче и репрезентативни натпревари. Секако дека со изградбата на стадионот во Тетово, наша идеја и моја идеја е да го промовираме фудбалот низ цела држава, не само во Скопје“.
Финансиите:
“По природа сум транспарентен и не говорам завиено во обланда, што се вели. Тоа што имав го кажав. Ревизорот го потврди тоа. Имаше луѓе од УЕФА пред две недели. Тие беа тука и следеа што и како. Беа да направат ревизија за тоа што треба. Многу брзо и ние ќе излеземе со наша ревизија. Немојте да мислите дека ќе преќутиме доколку е нешто што не е го согласно со правилата и како што треба. Она што се однесува до финансиите јас го кажа. Не можам да говорм за периодот години наназад. Јас го кажав за 2024 година, каде што за реалното работење на ФФМ каде што има повеќе потрошено отколку што има приходувано во висина од околу 24 милиони денари. Го побарав извештајот и за 2023 година, таму сумата е 31 милион денари. Кога сето тоа ќе се претвори во евра, тоа му доаѓа околу еден милион евра дека имало повеќе потрошено. Тоа ви тврдам дека ќе биде стопирано од денеска па натака. Нерационалните трошоци ќе бидат стопирани, се што е нетранспарентно нема да биде направено. Дајте ни малку време, затоа што јас ефективно дали работев 50 дена, поради новогодишните празници. Сепак многу бргу ќе видите промени, ќе работиме транспарентно. Се што е неправилно, вие ќе бидете информирани. Немаме што да криеме. Должноста на сите нас во ФФМ е да работи за доброто на фудбалот. Секој што е влезен да работи од лукративни причии нема да има место за него во структурите на ФФМ“.
Ќе барате одговорност:
“Не би сакал да одам до таму. Не сум јас тој што треба да бара одговорност, некогаш образот е поважен од одговорноста“.
За кавалификациите за СП:
“Јас сум умерен оптимист. Ние сме најсилни кога сме умерени оптимисти. Да не летаме многу високо за желбите и очекувањата. Нека биде се како што треба. Јас како претседател, како УО ги обезбедивме сите услови за сите репрезентации, посебно за А-репрезентацијата. Сега останува да тие дадат се од себе, во што јас не се сомневам, и да не израдуваат со позитивни резултати. Да кажам и ова. Ми се чини дека од пласманот на ЕП 2021, ние како да не видовме бенефит. Пред се мислам репрезентацијата да се отвори кон граѓание, кон децата. Разговарав со селекторот Милевски и тој со задоволство прифати да има отворен ден со репрезентативците, со цел децата и младите да се подружат со своите идоли. Тоа ќе биде наша практика. Сакаме сите репрезентации да ја доближиме до нив. Да видат сите како репрезентативците се подготвуваат“ заврши Омерагиќ.