Екипата на Мајорка со 2:1 на домашен терен денеска славеше над Еспањол во меч во кој реално домонираше и во кој го заслужи целиот плен.
Дуелот го одбележа косовскиот интернационалец Ведат Муриќи кој најпрво самиот си постигна автогол за водство на гостите во 53. минута. За да потоа по досудениот пенал, сам ја преземе одговорноста и истиот да го промаши. Сепак само две минути подоцна во 65. минута Асано израмни на 1:1 и ги врати домашните во игра.
Конечно, во седмата минута од продолжението, Муричи ја презеде одговорноста при досудениот втор пенал за домаќинот и направи нешто добро на овој меч. Реализираше за конечен триумф од 2:1 за домашните.