Баерн киксираше во Берлин

38

Тимот на Баерн Минхен на големо изненадување на јавноста не успеа да победи во Берлин на гоастувањето кај Унион, и одигра само 1:1. Иако Баварците поведоа со голот на Лирој Сане во 75. минута, откако се мачеа што се вели речиси цел натпревар сепак, домашнит успеаа да се вратат резултатски. Израмнија во 84. минута преку Холербах. Секако, Баерн и натаму е прв сега со 62 бода додека Унион е тринаесетти со 27.

Аугзбург на свој терен со голот на Тирц во 53. минута успеа да го победи тимот на Волфсбург, додека Маинц не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и со играч помалку ремизираше 2:2 против Фрајбург.

Вердер исто така денеска излезе како „лузер“ по мечот со Менхенгладбах на свој терен затоа што загуби со 2:4.

Следува дербито помеѓу Ред Бул Лајпциг и Борусија Дортмунд од 18:30.

 

ПретходноМонца и Парма си ги поделија бодовите, Верона победи кај Удинезе
СледноБрајтон со голем бод кај Сити