Брајтон со голем бод кај Сити

33

Тимот на Брајтон уште една сезонава покажа дека и тоа како е способен да направи изненадување и да освои бодови во мечеви против објективно поквалитетни противници. Денеска тоа се случи на гостувањето кај Манчестер Сити, каде што Брајтон извлече бод во ремито до 2:2.

Се почна добро за домаќинот откако Халанд реализираше за 1:0 во 12. минута. Еступинан израмни на 1:1 во 21. минута, а Мармуш повторно ги довесе домашните во водство во 39. минута. Кушанов имаше пех да си постигне автогол на стартот на вториот дел и да ги постави како што подоцна се испостави конечните 2:2 на овој меч. Сити сега е петти со 48. бодови, додека пак Брајтон има само бод помалку и е седми.

Евертон и Вест хем одиграа 1:1, додека пак Нотингем Форест му одржа лекција на Ипсвич во гостинскиот триумф од 2:4.

Саутемптон уште еднаш сезонава покажа дека не му е местото во Премиер лигата со поразот на домашен терен од 1:2 против Вулверхемптон.

 

ПретходноБаерн киксираше во Берлин
СледноАсано и Муричи за триумф на Мајорка