Доминација на Мекларен, Норис со пол-позиција за ГМ во Австралија!

101
Фото: Формула1/Твитер

Првата квалификациска сесија во сезоната во Формула 1 ја одбележа доминацијата на Мекларен. Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на неделната трка за Големата награда на Австралија, додека неговиот тимски колега Оскар Пјасти ќе стартува од второто место.

Мекларен имаа време од над три десетинки подобро од сите други, а бранителот Макс Верстапен (Ред Бул) беше на третото место. Во вториот стартен ред до него е Џорџ Расел од Мерцедес. Ферари беше малку разочарувачки, со Шарл Леклер кој ќе стартува од седмото место, а Луис Хамилтон од осмото место.

Со овој резултат Мекларен најавија дека се подготвени оваа сезона уште пожестоко да влезат во борбата за титулата кај возачите и со тоа да ја прекинат четиригодишната доминација на Верстапен. Трката в недела ќе започне во 5 часот.

 

 

ПретходноОмерагиќ денеска добива нов, целосен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија!
СледноРуската тенисерка приреди сензација на Индијан Велс