Дека Битола е ракометен град тоа го знаеме одамна. Дека ракометот во Битола е нешто многу поважно, и тоа го знаеме. А сега и ЕХФ самата си призна дека Пелистер ја има најверната публика сезонава во Лигата на Шампионите во групната фаза.
Се наведува дека просечната посетеност во салата “Боро Чурлевски“ во Битола кога играл Пелистер била неверојатни 99,3%.
За ова секоја чест за битолчани и фановите на Пелистер.