Веднаш откако беше избран новиот УО на ФФМ, беа избрани и двајца потпретседатели. Тоа се Марјанчо Стојкоски и Џевад Дибрани.
Инаку на предлог на претседателот Масар Омерагиќ, во новиот УО на Фудбалската федерација на Македонија е и Агин Ибрами, прославен наш некогашен фудбалер и капитен на репрезентацијата на Македонија.
Секако дека ова е голем потег на претседателот Масар Омерагиќ. Агим Ибраими и тоа како заслужува да биде во раководните структури на Фудбалската федерација на Македонија. Со своето минато, со својот однос кон фудбалот токму такви лица како Ибраими му се потребни на мак – фудбалот.