Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2:1 на гостински терен и се врати на првото место на табелата во Ла Лига. „Кралскиот клуб“ сега има три бода повеќе од Барселона, откако вечерва Мбапе одигра одличен меч и со два гола го донесе својот тим до победа.
Французинот одигра уште еден одличен натпревар и донесе пресврт, откако претходно Хуан Фојт и донесе водство на „Жолтата подморница“ во седмата минута. Мбапе погоди во 17-та и 23-та минута, со што стигна до својот 20-ти гол сезонава и сега остана со еден гол зад лидерот на листата на стрелци во Ла Лига, Роберт Левандовски.