Мејард победи во Хафјел, Одермат со малиот кристален глобус во велеслалом

44

Лоик Мејард е победник на денешниот велеслалом возен во Хафјел, Норвешка. Второто место го зазеде Марко Одермат (+0.14), а трет беше уште еден Швајцарец, Томас Тамлер (+0.23).

Со над 35 години, Тамлер имаше можност да стане најстариот победник во оваа дисциплина, но заостана за една победа. Одермат по четврти пат го обезбеди Малиот кристален глобус во велеслалом, а исто така е носител и на четвртиот последователен Голем кристален глобус.

Во поредокот на скијачите во велеслалом, Одермат е прв со 500 бодови, втор е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 394 бодови, а трет е неговиот сонародник Стин Олсен со 346 бодови.

Одермат исто така води во генералниот пласман со 1.596 бодови и го обезбеди својот четврти Голем кристален глобус по ред, со што стана вториот скијач по Марсел Хиршер кој го постигнал ова.

ПретходноТухел објасни зошто нема да ја пее англиската химна!
СледноМЗТ Скопје рутински против ТФТ за печат на врвот (ФОТО)