Наковски Волеј повторно подобар од шампионот Работнички

31

По голема драма, екипата на Наковски Волеј по вторпат оваа пролет успеаја да ја совладаат екипата на Работнички во дербито на домашниот шампионат во женска конкуренција. Во рамките на 4. коло од Втората фаза на шампионатот, струмичанки со 3:2 славеа над шампионките и со тоа ја остварија 13-тата сезонска победа.

Работнички и покрај поразот останува на второто место, додека лидерската позиција е за јанта Волеј, кој денеска без поголеми проблеми успеа да слави со максимални 3:0 на гостувањето кај Фит Фан Волеј.

Во плеј-аут дело, Младост УГД со 3:0 беше подобар од струмица, додека мечот меѓу Ускана и Вардар ЕМ е на програмата на 20 март (четврток).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / ВТОРА ФАЗА

ПЛЕЈ-ОФ:

Фит Фан Волеј – Јанта Волеј КВ     0:3 (22:25, 22:25, 13:25) 

Наковски Волеј – Работнички    3:2 (23:25, 25:15, 26:24, 18:25, 15:11)  

ТАБЕЛА: 1. Јанта Волеј (51),  2. Работнички (48), 3. Наковски Волеј (45), 4. Фит Фан Волеј (23).

ПЛЕЈ-АУТ:

Ускана – Вардар ЕМ  (20 март / 20.30 часот)  

Струмица – Младост УГД       0:3 (21:25, 14:25, 15:25)  

ТАБЕЛА: 1. Младост УГД (32), 2. Вардар ЕМ (24), 3. Струмица (16), 4. Ускана (6)

ПретходноМихаљевиќ од Тиквеш добил црвен картон поради уринирање на терен!? (ФОТО)
СледноАнти-рекорд: Манчестер Сити првпат прими 40 гола во една сезона под водство на Пеп