Лос Анџелес Клиперс гостуваше кај Атланта Хокс и победи со 121:98. Ова беше петта победа за Клиперси во последните шест натпревари, а ја постигнаа предводени од настапите на Џејмс Харден и Кавај Ленард. Секој од нив постигна по 25 поени, а Харден додаде осум скока, седум асистенции и шест загубени топки. Ленард имаше шест скока и пет украдени топки.
Атланта на полувремето имаше водство од 61:53, а потоа заостана во третата четвртина, прими 35 и постигна само осум поени, што е и овосезонски негативен рекорд во НБА.
За својот поранешен тим Богдан Богдановиќ постигна 12 поени. Навивачите на Атланта го поздравија со овации, а за време на едноминутниот одмор во првата четвртина беше прикажано видео во кое му се заблагодарува за неговите пет години во клубот.
Atlanta welcomes back Bogdan Bogdanovic with a video tribute ❤️pic.twitter.com/3kJIt85jR8
— BasketNews (@BasketNews_com) March 15, 2025