Првиот човек на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф пред новинарите рече дека Манчестер Ј. Направи една огромна грешка по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од тренерското место, што веројатно е една од причините и за вртоглавиот пад на клубот.
Откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше во 2013 година 10 тренери, седнаа на жешкото столче на Олд Трафорд. Сите се надеваа дека ќе го вратат клубот до врвот на англискиот фудбал, но ниту еден од нив не успеа.
Милијардерот верува дека најголемата грешка која Мначестер Ј. ја направи е тоа што поз аминувањето на Ферги му дозволи на Дејвид Мојс да стане негов наследник.
„Видете, ми се допаѓа Дејвид Мојс и мислам дека тој е навистина добар менаџер, но од Сер Алекс Фергусон да се префрлам на Мојс, тоа не е реално. Мојс влезе во кожата на Фергусон, човек кој ја освои Премиер лигата 13 пати и кој ја освои Лигата на Шампионите двапати. Да му го дадете тоа место на човек кој никогаш не водел големи играчи и никогаш не освоил ништо, е најголемата грешка на Манчестер Ј.“, смета Ретклиф.