Руската тенисерка приреди сензација на Индијан Велс

2966
+1

Руската тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на турнирот во Индијан Велс. Талентираната 17-годишна тенисерска даде голем резултат во полуфиналето, елиминирајќи ја Ига Швјонтек со 7:6 (7:1), 1:6, 6:3.

За веќе формираниот шампионски менталитет сведочи и реакцијата на Русинката на крајот од првиот сет кога сервираше за победа од 5:4, но и дозволи на противничката да се врати.

Тоа не ја спречи удобно да го освои тај-брејкот и да поведе во сетови. Полската возврати силно во вториот, но тоа беше само привремен блесок против, додуша, подобрата Андреева.

Ова ќе биде нејзино второ последователно финале на турнир од серијата 1.000, откако претходно го освои турнирот во Дубаи.

Нејзина ривалка за новата титула ќе биде најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, која во претходните три меча ја совлада еднаш.

ПретходноДоминација на Мекларен, Норис со пол-позиција за ГМ во Австралија!
СледноОдложено големото враќање на Нејмар во Бразил