Тргната суспензијата на ОФС Струмица

246

Една од точките на дневен ред на Редовното Генерално Собрание при Фудбалската Федерација на Македонија беше Општинскиот фудбалски Сојуз на Струмица. Истиот повторно се активира, со делегати на самото Генерално Изборно Собрание на ФФМ.

Предлог одлуката на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и Управниот Одборбеше изгласано од страна на делегатите – едногласно. Причините поради кои што ОФС Струмица беше суспендиран повеќе не се причина тој да не биде активен во иднина.

Во тек е Изборното Генерално Собрание, на кое Масар Омерагиќ, ќе добие нов четиригодишен мандат. Тој доби поддршка од УЕФА и ФИФА пред почетокот на истото потенцирајќи дека е вистинскиот кандидат за подобро утре на фудбалот.

ПретходноФИФА и УЕФА со единствена порака: Омерагиќ е вистинскиот избор за македонскиот фудбал
СледноОмерагиќ: ФФМ е во минус „милион“ евра, време е да поставиме нови стандарди во фудбалот