ФИФА и УЕФА со единствена порака: Омерагиќ е вистинскиот избор за македонскиот фудбал

159

Пред почетокот на Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија се обратија претставниците на ФИФА и УЕФА, кои му честитаа на единствениот кандидат за претседателското место на нашата „куќа на фудбало“, Масар Омерагиќ за она што го стори за краткото време пред да го добие четиригодишниот мандат. Ја поддржаа неговата стратегија, како и промените во статутот на ФФМ, спред нив тој е вистинскиот избор за подобро утре на македонскиот фудбал.

„Драг претседателе Омерагиќ, драги членови на Управнуиот одбор, драги делегати и останати членови. Почитувани делегати и фудбалска заедница на Македонија, ми претставува големо задоволство што сум овде и ви пренесувам големи поздрави од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино како и од останатите раководни структури на оваа организација.

Денес е историски момент за македонскиот фудбал, затоа што го бирате вашиот нов претседател. Иако тоа е сосема извесно кој ќе биде. ФИФА цврсто стои зад неговата кандидатура и избор, поради неговата посветеност и капацитет да ја води федерацијата.

Особено ФИФА целосно ја поддрѓува посветеноста на претседателот Омерагиќ за промена и измени во статусот на ФФМ, со кој што истиот ќе фати курс со промените кои што се актуелни во светот по ова прашање. Овој месец исто така ќе означи старт на Мундијалските квалификации. Ќе биде фантастично ако вашиот тим избори пласман на турнирот кој што ќе го организираат три земји и на кој ќе учевствуваат 48 репрезентации“, рече Мерион Габат, претставничката на ФИФА.

Лука Никола потенцира дека во Омерагиќ, фудбалот во Македонија има вистински лидер.

„Драг претседателе, драги членови на управниот одбор, драги претставници на медиумите и останати гости.  Големо задовослтво е да ви се обратам во името на УЕФА. Дозволете ми да пренесам најтопли поздрави од претседателот на УЕФА, Александр Чеферин и од генералниот секретар Теодор Теодоридис. Иако сте една од помладите членки на УЕФА од 1994 година, сепак, вие оставивте неизбришлив траг во досегашното свое партиципирање во европската куќа на фудбалот. Со вашите учевства на Европските шампионати, младински и сениорски и сигурни сме дека во следните квалификации имате големи шасни да го повторите тој успех.  Во делот на женскиот фудбал имаме летово многу активности кои се само показател за развојот на истиот во светот. Во тек е голема  кампања за промоција на женскиот фудбал која што секако го опфаќа и женскиот фудбал во Македонија. Пред да почне изборното Собрание сакам да ви порачам дека во претседателот Омерагиќ имате вистински лидер, кој има визија за следните години“, рече Лука Никола. 

ПретходноПМФЛ: Тиквеш со победнички амбиции го дочекува Гостивар, Работнички на гости во Охрид!
СледноТргната суспензијата на ОФС Струмица