Јокиќ повторно блескаше, Лејкерс без Дончиќ и Леброн добро го намачија Денвер (ВИДЕО)

310

Денвер пред своите гледачи го совлада Лос Анџелес Лејкерс со резултат 131:126, а еден од најзаслужните играчи за триумфот на домашните беше Никола Јокиќ. За речиси 38 минути игра, српскиот центар забележа 28 поени (8/16 шут од поле, 12/17 слободни фрлања), седум скока, пет асистенции и три украдени топки.

Се знаеше дека Лејкерси поради повреда нема да можат да сметаат на Леброн Џејмс, а пред мечот се појавија информации дека пресметката ќе ја пропушти и Лука Дончиќ, па гостите беа сериозно ослабени на овој меч. Сепак, тоа не ги спречи соодветно да го измачуваат фаворизираниот Денвер.

Благодарение на одличниот однос на Остин Ривс, тие брилијантно се бореа во текот на целиот меч, и лесно можеа да победат. На 53 секунди до крајот на натпреварот, по поенот на Далтон Кнект, гостите имаа три поени предност, 126:123, но потоа на сцена стапи Никола Јокиќ.

Србинот прекршокот го претвори во дополнителен поен и го изедначи натпреварот за Нагетс. Лејкерси не го искористија нападот, а потоа Мареј погоди тројка за 129:126. Гостите имаа напад за продолженија, но Вестбрук ја прочита акцијата на Лејкерси, го пресече додавањето и ги постави крајните 131:126.

Никола конечно имаше голема поддршка од соиграчите. Мареј постигна 26 поени, Кристијан Браун 22, Вестбрук и Гордон по 17 поени. Кај поразениот тим фантастичен беше Остин Ривс кој постигна 37 поени, а го следеше Кнехт со 32.

Резултати:
Мајами – Бостон 91:103
Филаделфија – Индијана 100:112
Атланта – ЛА Клиперс 98:121
Хјустон – Далас 133:96
Мемфис – Кливленд 124:133
Минесота – Орландо 118:111
Сан Антонио – Шарлот 134:145
Денвер – ЛА Лејкерс 131:126
Јута – Торонто 118:126
Феникс – Сакраменто 122:106.

ПретходноЕди Хау: Имаме искуство на големи натпревари, време е да освоиме трофеј
СледноОмерагиќ денеска добива нов, целосен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија!