Аврамовски го постигна 12. гол сезонава и сега е трет стрелец во турската Втора лига (ВИДЕО)

140

Даниел Аврамовски ја продолжува неверојатната голгетерска серија во турската Втора лига. Во дресот на Игдир тој денеска го постигна својот 12-ти гол оваа сезона и ја потврди убедливата победа на својата екипа на гостувањето кај Анкарагучу.

Игдир славеше на гости со 4:0, а Аврамовски го постигна третиот гол за својата екипа на овој меч. Со 12-от погодок сезонава, популарниот цујо се искачи на 3. место на листата на најдобри стрелци во турската Втора лига.

ПретходноРетклиф: Оваа состојба на Манчестер ј. е резултат на една неверојатна грешка!
СледноПелистер успеа да слави на гостувањето кај Чаир