Елмас одигра 80 минути, Торино запиша нова победа против Емполи

213

Фудбалерите на Торино со 1:0 ја совладаа екипата на Емполи во вечерашниот натпревар од 29-тото коло од италијанската Серија А. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас беше во стартниот состав и одигра 83 минути.

Единствениот погодок на натпреварот ко постигна Никола Влашиќ со прекрасен удар од далечина во 70-тата минута. До крајот на натпреварот Торино напаѓаше и редеше шанси, а беше поништен и погодок на Месина во 82-та минута од мечот.

Со оваа победа Торино се наоѓа на 11-тата позиција со 38 бода, а Емполи е на 18-тото место со само 22 бода.

ПретходноМарк Маркез до нов триумф на спринт трката во Аргентина
СледноМиовски стартер, Џирона повторно ремизираше