Возачот на Дукати, Марк Маркез триумфираше на вечерашната спринт трка која се одржа во пресрет на трката за големата награда на Аргентина. Шпанскиот возач забележа нов сезонски триумф на патеката Тримас Де Рио Ондо, откако тој триумфираше и на предходната трка во Тајланд .
Марк Маркез, исто како и пред две недели во Тајланд, славеше пред својот помлад брат Алекс, кој заврши на втората позиција со задоцнување од девет десетинки. Франческо Бањаја ја заврши трката на третото место, заостанувајќи три секунди зад шпанците.