Омерагиќ денеска добива нов, целосен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија!

496

Денеска со почеток од 10 часот, во хотелот “Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи Редовното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Денеска на ова Собрание, актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ ќе добие нов и тоа целосен мандат на чело на нашата најголема спортска федерација во траење од четири години.

Се очекува тоа да биде сторено со акламација, посебно ако се знае дека во изминатиот период тој ја доби целосната и максималната поддршка од речиси сите ОФС во Македонија на кои беа одржани собранија.

Да се потсетиме дека Омерагиќ на чело на ФФМ дојде пред три месеци, на Вонредното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое се одржа на 22 декември, откако претходно оставка си даде Муамед Сејдини.

Тогаш на тоа Вонредно Собрание, Омерагиќ ја доби целосната поддршка од делегатите. Така се очекува да биде и денеска ако се знае дека, иако минаа само три месеци, новиот претседател и тоа како имаше успешна агенда.

Во овој период имаше средба со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Од ФИФА и Џани Инфантино, доби поддршка и честитка за изборот. Веднаш со своите соработници се фати за работа. Околу себе сега ги има легендите Горан Пандев, Илија Најдоски, Ѓорѓи Христов, Агим Ибраими, Игор Митрески…

Успеа за кусо време да донесе два големи спонзори или партнери како Гранд Ауто и Новоматик.

Направен е рез во младинските селекции, донесени се селектори од кои бара работа и само работа. Се зафати со подобрување на речиси се она што не беше добро во Федерацијата. Форсира темпо на работа кое не беше својствено за неговите претходници.

Едноставно Омерагиќ дава надеж дека работите во мак – фудбалот не само што ќе тргнат на подобро, туку истите веќе се тргнати.

Ова јавноста го знае, па затоа Омерагиќ денеска ќе добие нов, сега целосен мандат како претседател на ФФМ.

ПретходноЈокиќ повторно блескаше, Лејкерс без Дончиќ и Леброн добро го намачија Денвер (ВИДЕО)
СледноДоминација на Мекларен, Норис со пол-позиција за ГМ во Австралија!