Омерагиќ: Ќе предложам затворање на Академијата на ФФМ, приоритет ќе биде инвестирање во терени!

3321

Откако заврши денешното Редовно Изборно Собрание на ФФМ, а потоа и на седницата на новиот УО, пред новинарите излезе претседателот Масар Омерагиќ и одговораше на нивните прашања.

За тоа дали има разлика за тоа од 22 декември, кога за првпат беше избран за прв човек на Федерацијата, и денеска:

Нема некоја поголема разлика, Изборно Собрание како Изборно Собрание, сега што имавме плус избор на членови на УО. Согласно промените на статутот кои беа ускладени и договорени со УЕФА и ФИФА, да ги направиме измените. Сега не очекува напорна работа, тргнуваме во реформи, одиме со нова структурна реформа и утврдување на легитиметот на сите ОФС и сите клубови во Општинските лиги“.

За инфраструктурата:

Приоритет ќе биде инвестирање во терени. Трибини и така пасивна инфраструктира нема да има, зошто нема никакво влијание на фудбалот. Тоа не ни е план. Ќе бидеме фокусирани на реновирање на терените, посебно на клубовите од Првата и Втората лига, за да имаме услови за играње. Само така може да се игра квалитетно и така може да се вратат навивачите на трибините. Фокус ќе бидат терените“.

Изградба на Национален стадион:

Тоа е веќе покрупно прашање, тоа е огромен финансиски потфат, десетици милиони евра. Тоа не можеме да го направиме без еден договор како тоа би се исфинансирало. Во моментов тоа е нешто на што не сме размислувале. Тоа не значи дека во иднина нема да има таква опција“.

Фудбалската Академија на ФФМ:

Фудбалската Академија, тоа што го кажав на првиот брифинг со вас новинаритем, состојбата за мене е иста. Не гледам причина во ваков формат таа да продолжи со работа. Сега веќе кога имаме целосен легитимитет со нов мандат од четири години, ќе донесеме одлука што и како со таа Академија. Мене лично ако ме прашате, како тоа тие деца наводно тренираа тука а не играат натпревари. За мене тоа не поента на тренирањето. Јасно е дека на натпревари се станува фудбалер. Пробиен е буџетот, има многу недостатоци на Академијата. Ќе седнеме и многу бргу ќе донесеме одлука. Така да најверојатно ќе предложам затворање на овој формат на Академијата на ФФМ“.

За Адеми и Ристовски:

Не би сакал повеќе да говорам на таа тема. Изборот е на селекторот и тоа е и негова одговореност“ посочи Омерагиќ.

ПретходноИ Агим Ибраими во УО! Избрани се двајца потпретседатели, Марјанчо Стојкоски и Џевад Дибрани!
Следно“Ако има услови во Битола и А-репрезентацијата дел од своите мечеви ќе ги игра во тој град“!