По поразот од Rаботнички на домашен терен во минатото коло, кошаркарите на Пелистер успеаја да победат денеска на гостувањето против Чаир со 64-69.
Со оваа победа, битолчани се враќаат кон водечката четворка на табелата, додека Чаир ќе остане на осмата позиција и ќе продолжи да се бори за место кое води во разигрувањето за титулата. Вечерва, Пелистер имаше подобар настап во првото полувреме, кога успеа да направи разлика од четири поени (30-34), за во третиот период Чаир да се врати во резултатски егал, намалувајќи на само еден поен во финишот на четвртината.
Во последниот период битолчани по три минути успеаја да се одлепат на +5 (52-57), но Чаир успеваше да се врати до поен негатива, па дури и да поведе (62-61) на три минути пред крајот. Пелистер во последната минута влезе сопредност од три поени, и успеа да ја зголеми на пет поени за 64-69 што беше и конечен резултат на средбата.
Мишковиќ со 20 и Антоан со 15 поени беа најефикасни кај Пелистер, додека кај Чаир Какруки го предводеше тимот со 20 поени.