Хаос во Кавадарци, уапсени петмина од управата на Гостивар поради напад на полицаец

8506

Лошо…многу лошо. „Трето“ полувреме на мечот од ПМФЛ шампионатот, помеѓу екипите на Тиквеш и Гостивар во Кавадарци. И тоа какво…. како што дознава Спортспорт, петмина членови од управата на Гостивар гости на денешниот меч, се уапсени затоа што по завршувањето на мечот, еден од нив, засега непознат на јавноста физични нападнал, полицаец кој бил на должност на натпреварот Тиквеш – Гостивар. И тоа пред влезот на соблекувалните, на очиглед на сите присатни. „Тепачот“ веднаш бил приведен, а и останатите кои биле со него. Причината зошто се случило сето ова јавноста ќе ја дознае дополнително, а Спортспорт се сомнева на револт поради загубениот меч и наводната неправда која што гостите сметаат дека им е нанесена.

Петемина членови на управата на Гостивар се сеуште во полициската станица во Кавадарци, а и целиот екипаж на гостите, поточно фудбалерите.

Според неофицијалните информации ќе има соодветни пријави за напаѓачот, и нема да се има попуштање при овој случај, затоа што ова не смее повеќе да се случува. Не смее фудбалот, и мечевите кои се во организација на Фудбалската Федерација на Македонија да бидат поле за физички пресметки во кои секојдневие ќе бидат тепачките, и кривичните пријави како и суспензиите и полнењето на полицискиот билтен.

 

ПретходноАсано и Муричи за триумф на Мајорка
СледноТухел објасни зошто нема да ја пее англиската химна!