Дориев не можеше сам: Постигна два гола, Согдиана загуби дома (ВИДЕО)

127

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Љупче Дориев постигна два гола за екипата на Согдиана во првенството на Узбекистан, но неговиот тим на крајот претрпе пораз.

Во меч од 2. коло во новата сезона, Согдиана на домашен терен загуби со 2:3 од екипата на Навбахор, а Дориев практично сам ги одржуваше домашните во игра. Првиот гол го постигна во 14. минута кога израмни на 1:1, а потоа и во 76. минута кога повторно израмни, сега на 2:2.

ПретходноПо пауза од 70 години, Њукасл освои трофеј: Победа над Ливерпул за титула во Карабао Купот (ВИДЕО)
СледноТешка повреда на Митев и пораз за Македонија во Копер!