Македонската ракометна репрезентација го запиша третиот пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година, откако беше по вторпат совладана од Словенија 38-27 (20-12). За селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ова беше најтешкиот дуел во нивните кариери, мораа да го одиграат мечот во ист ден кога на нашата земја и се случи најголемата трагедија, во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица, а се повредени над стотина.
Шансите за пласман на Европското првенство и натаму постојат, на последните две средби, Македонија мора да ја победи Естонија на гости, а потоа на домашен терен да дојде до триумф против Литванија.
Кузмановски постигна шест гола, додека пак Митревски и Галевски имаа по шест одбрани.
Дуелот започна со минута молчење, а нашите момци имаа црни траки на дресовите. Од пред 20-та минута, Лазаров остана без еден од најдобрите ракометари, Марко Митев, кој беше изнесен на носилки. На одморот негативата беше 20-12.
Во 37. минута противникот поведе со двоцифрени 25-15, беше навистина тешко за нашите момци иако на трибините имаат огромна поддршка од македоските фанови. Кои го скандираа името на нашата земја испракајќи поддршка во овие тешки моменти.
Она што не беше допадливо е играта на Словенија, играа безмилосно, иако беа свесни дека денеска на никого во нашиот табор не му беше дојдено до ракомет.