Црн ден во Македонија: Откажани се сите спортски настани!

766
Фото: https://www.floristique.sg/

Македонија е завиено во црно по големата трагедија во Кочани. Во овој град рано наутро за време на концерт се запали дискотека и според првичните проценки на екипите за спасување загинати се над 50 лица.

ФФМ веднаш се огласи и ги одложи сите натпревари кои се закажани за денеска, а додека од Владата на Македонија, веќе ги одложија сите активности. Денеска нема да се одржи ниту еден настан, ова значи дека се одложени и останатите спортски натпревари во останатите спортови.

Македонија е во длабока тага, на социјалните мрежи родителите ги бараат своите деца кои биле во дискотеката во Кочани.

Не постои утеха во овои моменти. Нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.


ПретходноПо страшната трагедија во Кочани: ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции!
СледноСе стравува и за Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи!