Барса со пресврт победа против Атлетико

88

Фудбалерите на Барселона триумфираа на натпреварот против екипата на Атлетико Мадрид со 2:4 во 28-то коло од шпанската Ла Лига.

Хулиан Алварез го постигна првиот гол на натпреварот во 45-тата минута, а во 70-тата Сорлот зголеми за 2:0. Потоа Барса на магичен начин со два погодоци на Левандовски и Феран Торес во 72-та и 78-та минута успеа да изедначи. Во 93-тата минута Јамал ја затресе мрежата на „јорганџиите“ за целосен пресврт, а во 98-та минута Торес ги постави конечните 2:4.

Со овој триумф Барса остана на првото место со 60 бода, а Атлетико е на третата позиција со 56 бодови.

ПретходноАрне Слот после поразот во финалето: Њукасл беше многу подобар и заслужено не победи