Во трагедијата во Кочани згасна животот и на младиот 18-годишен голман Дамјан Танески

1517

Во големата трагедија која ја потресе Македонија денеска, згасна уште еден млад живот на наш спортист. Како што објави штипската телевизија МНет, на листата на жртви се наоѓа и 18-годишниот Дамјан Танески, млад голман кој настапувал за неколку клубови од регионот.

„Во големата трагедија која се случи ноќеска во Кочани, каде се запали дискотека, животот го загуби и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип. Во оваа огромна трагедија многу млади животи згаснаа, а Танески кој беше голман за жал е еден од нив. Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, објави телвизијата МНет.

ПретходноТрапановски постигна гол за Данди Ј. и погледна кон небото!
СледноМечот во Копер започна со минута молчење во знак на почит на загинатите во Кочани (ВИДЕО)