Одлична вест за сите фанови на нашата репрезентација, и секако селекторот Благоја Милевски, во пресрет на квалификациските мечеви со Лихтенштајн и Велс.
Нашиот капитен, Енис Барди денеска за својот Бодрумспор на гостувањето кај Ризеспор во Суперлигата на Турција постигна убав гол за 0:2 за својот тим и за потврдување на победата.
Ова докажува дека нашиот капитен е во добра форма пред Лихтенштајн и Велс.