Македонија се уште ги брои жртвите после големата трагедија која се случи синоќа во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 59 лица.
Во пожарот почина Андреј Ѓорѓиески, вокалот во ДНК, тој заедно со неговата група настапуваа во дискотеката во Кочани. Андреј го загуби животот спасувајќи деца во дискотеката. Владимир Блажев-Панчо е повреден, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка. Покрај Андреј починаа и тапанарот на ДНК Ѓорги Ѓоргиев од Струмица и Сара Пројковска, придружен вокал во бендот. Почина и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, а меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и гитарист Филип Стевановски.
Андреј и Панчо, дуото ДНК со своите пријатели ја лансираа новата навивачка песна посветена на нашата фудбалска репрезентација и настапот на Евроското првенство во 2020 година. Андреј, исто како и Панчо, беше еден од најголемите поддржувачки не само на спортот во Македонија, туку и на сите оние кои имаат потреба од било каква помош. Во изминатиот период им плаќаа сметки за струја и комуналии и храна на сите социјално загрозени семејства.