Голем потег на надлежните во Србија. Имено по страшната трагедија во Кочани, првите луѓе на фудбалот во таа земја, и официјално потврдија дека сите денешни мечеви во Суперлигата и во Првата лига ќе почнат со едноминутно молчење за настраданите во Кочани.
Секако дека ова треба да се поздрави. Така прават вистинските пријатели.
Инаку како што доѓаат информациите од кај нашиот северен сосед, во вторник ќе биде прогласен ден на жалост во Србија по повод, 60 починати лица во дискотеката во Кочани.